logo
logo
logo

УКРАИНА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА РАКЕТИ ЗА СИСТЕМОТ ПАТРИОТ? Тоа е толку далеку и илузорно што е несериозно

Vecer | 26.07.2026

УКРАИНА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА РАКЕТИ ЗА СИСТЕМОТ ПАТРИОТ? Тоа е толку далеку и илузорно што е несериозно

Најавата на САД да ѝ додели на Украина лиценца за производство на сопствени пресретнувачки ракети за против воздушниот систе  „Патриот“ е повеќе гест на добра волја отколку вистинско решение, со цел „Зеленски да се тргне од грбот на Вашингтон“ и да не шири пораки дека Украина би ја победила Русија само да има повеќе ракети и ситеми Патриот , вели шведскиот воен аналитичар и експерт за воздушна одбрана, Микаел Валтерсон.

САД ги користат ракетите „Патриот“ првенствено за пресретнување на ирански ракети и беспилотни летала што ги таргетираат американските бази и сојузници на Блискиот Исток.

Според извештаите од  јули 2026 година, американската армија користела повеќе од 1.200-1.500 ракети-пресретнувачи за Патриот во тековниот конфликт. Само во првите неколку дена од конфликтот над 800 беа пријавени во првите неколку дена, по што темпото на употреба на овие ракети е радикално намалено поради нагло празнење на стартешките и оперативни залихи на САД. 

Цената на една ракета за сисмот Патриот е колку 4 милиони долари, а на оперативните залихи на САД има околу 2.500 такви ракети што значи дека против Иран се веќе потрошени над 60% од залихите. 

Американската индустрија (компании како „Локид Мартин“) произведува околу 600 од овие ракети годишно. Поради бавното темпо на производство, не се очекува залихите на САД да се вратат на предвоеното ниво до средината на 2029 година. Во такви околности Украина не ни може да се надева дека од САД ќе добие ракети за Патриот во наредните најмалку 3 години. 

Затоа, Трамп по упорните барања ракети од страна на Зеленски највува дека “ќе им дадат лиценци па сами нека ги произведуваат...“ што е речиси невозможно, особено не во наредните 3-4 години.

Според Микаел Валтерсон за да започне производството, Украина ќе треба да:

⚫️ Изгради или реновира фабрика, по можност подземна, за да ја заштити од воздушни напади што е прилично долг процес;

⚫️ Набави специјализирана опрема за производство која ја има само во САД или, делумно, во големите држави на НАТО кои се веќе со исцрпени резерви бидејќи голем дел од својата опрема од овој вид веќе испорачале во Украина и мора да ги пополнуваат своите резерви;

⚫️ Обучи технички персонал и тоа надвор од Украина, чија загуба во постојаните воени дејствија би била многу тешко да се замени со нови луѓе;

⚫️ Набави ретки и скапи компоненти од странство или да воспостави целосно нови синџири на снабдување ако САД чуваат делови за своите потреби - сето тоа во екот на војната која е во тек.

Најголем дел од компонентите за ракетите се произведуваат во САД, од различни компании, и тие се дел од државните и воени тајни кои не би смееле да дојдат во украински раце, а преку нив и во руски посед. Нивниот извоз е малку можен бидејќи во наредните три години се неопходни за производтсво на ракетите за потреби на САД, а Украина нема ни технологии ни кадар за нивно производство. 

Германскиот Бундестаг го отфрли предлогот на Зелената партија за зголемување на воената и хуманитарната помош за Украина, кој, меѓу другото, предвидуваше испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ и системот „Патриот“.

Предлогот содржеше 20 мерки за дополнителна поддршка за Киев. Втората точка предвидуваше испорака на што е можно повеќе ракети „Таурус“ од постојните залихи на Бундесверот во Украина, додека петтата точка предвидуваше нарачка на дополнителна серија ракети „Патриот Пак-2“ и нивна испорака во Украина.

Најпосле, според досегашното искуство, Русите постојано уништуваат фабрики за оружје низ Украина и доволно е да се случи напад и штета на само неколку од фабриките за компоненти на делови за овие ракети и ланецот за производтсво да се прекине.

Валтерсон проценува дека ќе бидат потребни најмалку три до четири години за да се започне со производство, а подолго ако Русија успешно го наруши или саботира процесот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk