Најмалку седум лица го загубија животот, а 112 се повредени во тешка железничка несреќа што се случи во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза, недалеку од главниот град Каиро. До трагедијата дошло кога четири вагони од патнички воз излетале од шините по судир со друг воз во областа Ал Ајат. Меѓу загинатите е и машиновозачот, кој им подлегнал на тешките повреди.
На местото на несреќата експресно биле упатени 50 амбулантни возила, екипи на цивилната заштита и безбедносните сили. Повредените патици се превезени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека сите медицински установи во Гиза се ставени во состојба на целосна приправност. Египетското обвинителство веднаш отвори истража за причините за судирот, а претседателот Абдел Фатах ал-Сиси нареди итна и детална истрага со порака дека сите одговорни за евентуално невнимание ќе сносат строга одговорност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата