Дваесет и четиригодишниот Михал Оксињски, кој завчера на главниот плоштад во Краков, Полска, уби шест лица, а рани 15 други, почина рано утринава во болница од тешките повреди здобиени за време на пресметката со полицијата, потврдија локалните власти, објави Би-Би-Си.
„Би сакале да ве информираме дека сторителот на трагичните настани почина во болница рано утринава“, напиша Малополската полиција на Икс.
Нападот се случи завчера, околу 15:00 часот, кога Оксињски со својот автомобил влезе на главниот плоштад во Краков и отвори оган врз минувачи, туристи и таксисти, користејќи полуавтоматска пушка „АР-15“.
Загинаа шест лица на возраст меѓу 32 и 61 година, меѓу кои и еден австриски државјанин, а уште 15 лица се здобија со повреди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата