Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните во украинскиот конфликт се многу блиску до постигнување конечен договор и најави дека војната би можела да заврши набрзо. Тој откри дека во наредните денови ќе се одржи одлучувачки состанок, при што трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина се веќе закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Трамп дополнително посочи дека по завршувањето на конфликтот, Украина најверојатно ќе има „нешто поинаков облик“.
Осврнувајќи се на тензиите на Блискиот Исток и домашните притисоци, Трамп изјави дека не планира ескалација на војната со Иран и дека цврсто стои зад министерот за одбрана Пит Хегсет, отфрлајќи ги барањата на демократите за негова смена по меѓуизборите. Претседателот ги одбрани воените операции, истакнувајќи дека САД ги оствариле своите цели во Венецуела и Иран, ослабувајќи ја иранската војска и уназадувајќи ја нејзината нуклеарна програма.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата