САД и Кина го продолжија трговското примирје за уште два месеца, до 10 јануари 2027 година, со што добија дополнително време за преговори за поширок економски договор. Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека договорот, кој требаше да истече на 10 ноември, ќе остане во сила до 10 јануари. Примирјето ги ограничува новите царински мерки и вклучува договори поврзани со снабдувањето со ретки минерали од Кина, објави Ројтерс.
Одлуката доаѓа во пресрет на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг во Вашингтон. Двете страни разговараат и за можноста за поширок трговски договор, како и за прашањата поврзани со земјоделските производи, ретките минерали и технологијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата