logo
logo
logo

МОЛК ВО ТИРАНА! Еди Рама го пречекаа СТРАШНИ ВЕСТИ ВО ЊУЈОРК

Vecer | 23.09.2026

МОЛК ВО ТИРАНА! Еди Рама го пречекаа СТРАШНИ ВЕСТИ ВО ЊУЈОРК

Директорката на албанската Државна разузнавачка служба (СИШ), Вљора Хисени, е суспендирана од должност и ѝ е одреден домашен притвор, откако Специјалното тужителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (SPAK) ја осомничи за помагање на сторител на кривично дело и оддавање тајни податоци.

Кога истражителите дошле да ја извршат мерката, Хисени не се наоѓала во Албанија, туку во Баку, Азербејџан, на меѓународен собир на шефови на разузнавачки служби на кој присуствувале 82 раководители од целиот свет. Претресот на нејзиниот дом бил извршен додека таа била надвор од земјата.

Сепак, драмата доби нов пресврт неколку часа подоцна кога Хисени се појави на граничниот премин Врбница–Морина и им се предаде на албанските власти, откако во текот на денот престојувала на територијата на Косово.

SPAK удри врз врвот на безбедносниот апарат

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал го одобри барањето на SPAK за мерките куќен притвор и суспензија од јавна функција. Истрагата се води поради сомнеж за „помагање на сторител на кривично дело“ и „откривање тајни акти или податоци“, а предметот е директно поврзан со големата финансиска и корупциска истрага околу Националната агенција за информатичко општество – АКШИ (AKSHI), институција која управува со државните дигитални системи.

Според албанските медиуми, истражителите проверуваат дали доверливи информации од истрагите завршувале кај лица кои биле опфатени во скандалите со тендерите на АКШИ. Истиот ден, SPAK покрена широка акција и изврши претреси во повеќе објекти на поранешни и актуелни државни функционери, вклучувајќи го и домот на поранешниот директор на албанската полиција, Илир Прода, во Тирана и Драч.

Реагрирање на премиерот Рама од Њујорк

Веста за мерките против шефицата на разузнавањето го затекна албанскиот премиер Еди Рама во Њујорк, каде што учествуваше на Генералното собрание на ОН. Рама порача дека ги поддржува институциите и дека никој не е над законот, додавајќи дека невиноста или вината се утврдуваат исклучиво пред правосудните органи.

Сепак, кога станува збор за раководството на службата, Рама не чекаше завршеток на судскиот процес. – Смената на директорот на службата е итна, и чим се вратам во Тирана, во консултација со претседателот на Републиката, ќе избереме нов шеф на Државната разузнавачка служба, истакна Рама.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, веќе го потпиша указот за разрешување на Вљора Хисени од нејзината функција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk