logo
logo
logo

Признанијата се редат. РИСТОВСКА ОД КАЈ ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КОНТРОЛИРАЛА ПРИСЛУШКУВАНИ РАЗГОВОРИ

Vecer | 17.09.2026

Признанијата се редат. РИСТОВСКА ОД КАЈ ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КОНТРОЛИРАЛА ПРИСЛУШКУВАНИ РАЗГОВОРИ

Од паѓањето на СЈО и неговото укинување како криминална организација чија шефица заврши во затвор за корупција отпрвин приватно, со разговори меѓи блиски и колеги, а по смената на власта и јавно се редат информациите за работењето на СЈО по систем на селска задруга во која “поплава“ уништува документација за клучни предмети кои се однесуваат на “добро платежни“ богати осомничени, па преку изјави на поранешна обвинителка на СЈО дека со таа неуставна органзација во суштина владееле и управувале бившиот министер за полиција Оливер Спасовски, бившата министерка за одбрана Радмила Шеќеринска како и екс премиерот Зоран Заев - лично.

Деталите дека Шеќеринска и Катица Јанева (шефица на СЈО) се среќавале кај Бојан Јовановски (Боки 13) и се договарале за процеси на СЈО како и законски услови и решенија само ги потврдуваат изјавите на поранешната обвинителка на СЈО Лејла Кадриу.

Јавноста ја слушна и снимката помеѓу Зоран Заев и Оливер Спасовски како договараат распоред и процеси за предмети на СЈО дополнувајќи дека треба да се консултира и Радмила Шеќеринска. Ни “О“ од обвинителство енма во работата на “СЈО, како ни “С“ од судство и судење по нивните предмети кои во голем дел, и по толку притисоци од СДСМ и ДУИ, останаа без пресуда за вина.

Но затоа од сите букви од работата на СЈО останаа две З.З. како мафијашки клан, и К како корупција.

Материјалите од прислушкуваните разговори, според изјава пред суд од Зоран Верушевски дека тој нарачувал и собирал разговори кои потоа ги предал на Зоран Заев, тие биле селектирани да нема во нив функцонери од СДСМ и ДУИ и, според Зоран Верушевски и неговата изјава “биле значително менувани содржините од тоа што е јавно објавувани...“ 

Никој навистина не знае каде се над еден милион прислушкувани телефонкси разгвори и СМС пораки. Толку беа кога Зоран Заев се пофали и објави дека ги има. Потоа бројката падна на околу 650.000 за, на крај, да бидат околу 120.000.

Во меѓувреме лица како Љупчо Плаевски Палчо - поранешен претседател на скопската организација на СДСМ и други ги имаа разговорите и рекетираа фирми и поединци со нив.

Па каде се разгворите од СЈО. Бившата обвинителка на СЈО Ленче Ристовска, откако ја напушти таа функција, и понатаму имала на располагање пристап до нив.

Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања. – објави информативната агенција Нетпрес.

Натаму агенцијата истакнува: Во последното издание на емисијата „Анализа“, на Телевизија 24 на Ристоска ѝ беше поставено прашање: „Дали е точно дека сте биле цело време и постојано во канцеларијата на Коцевски и дека оттаму сте функционирале? Точно ли е дека сте поседувале клучеви од разноразни сефови, каде што се чуваат материјали од прислушкуваните разговори“.

Ристоска одговори дека таа заедно со колешката Елизабета Јосифовска имале пристап до сефовите, каде што во тој момент се чувале незаконските прислушкувани материјали. Таа дополни и дека СЈО било со многу голем интегритет, па тие за уште повеќе да го зголемат, си ги поделиле клучевите и шифрите потребни за пристап до тие сефови.

Еве што кажа точно Ристоска: „Јас сум задолжена, заедно со колешката Елизабета Јосифовска, да ги чуваме клучевите од сефовите каде се сместени незаконски прислушкуваните материјали, со цел да го зголемиме интегритетот на процесот.

Тоа се комплицирани сефови. кои што не може да ги отворите, ако немате паралелно и шифра и клуч, ги поделивмме, кај Елизабета е шифрата, кај мене беше клучот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk