logo
logo
logo

ВИДЕО | НОЌ НА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ: Руски ракети и дронови усмртија двајца

Vecer | 24.09.2026

ВИДЕО | НОЌ НА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ: Руски ракети и дронови усмртија двајца

Русија рано утринава го нападна Киев со балистички ракети и со дронови, при што загинаа двајца луѓе, од кои едниот во паркинг на породилиште, објави „Ројтерс“.

Во последните месеци Русија ги засили воздушните напади врз Украина, користејќи брзи дронови кои потешко се пресретнуваат и искористувајќи го недостигот од пресретнувачи во Украина за балистички ракети.

„Додека луѓето спиеја, блесоците од експлозиите го осветлуваа небото. Повторно, главните цели на нападот беа Киев и цивилната инфраструктура, станбените згради, породилиште, енергетската инфраструктура и логистиката“, напиша претседателот Володимир Зеленски на „Телеграм“.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта Русија употребила неодреден број хиперсонични и балистички ракети, 282 дрона и друго оружје.

Во нападите биле повредени осум луѓе, соопштија властите. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека бил оштетен дел од фасадата на породилиштето, како и блискиот клиничко-дијагностички центар.

Зеленски, кој во Њујорк присуствува на заседание на Генералното собрание на ОН, рече дека недоволниот притисок врз Москва ѝ овозможува повторно да изведува напади.

„Сега САД имаат можност силно да одговорат. Потребни ни се пресретнувачи за балистички ракети за да ги заштитиме животите“, додаде тој.

Зеленски пред новинарите изјави дека Русија извела три бранови напади со балистички ракети и дека украинската одбрана соборила околу 60 отсто од нив над Киев.

Низ градот одекнувале неколку експлозии. Полицијата соопшти дека, покрај породилиштето, во три градски области биле оштетени девет куќи, пошта, магацини и десетици автомобили.

Ноќниот напад следуваше по дневниот напад со дронови со млазен погон, во кој загинаа двајца, а повеќе од 40 луѓе беа повредени.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили погодиле украински одбранбени објекти, логистички и телекомуникациски центри, како и пловила што ги користи украинската војска.

Во црноморското пристаниште Одеса, шефот на градската воена управа, Сергеј Лисак, изјави дека во текот на ноќта руските напади оштетиле медицинска установа, околни куќи и едно училиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk