Лежат во пустина, А КУПУВААТ ПЕСОК - ЗОШТО И Е ТОЛКУ на Саудиска Арабија

Vecer | 08.01.2024

Лежат  во пустина, А КУПУВААТ ПЕСОК - ЗОШТО И Е ТОЛКУ на Саудиска Арабија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Првата работа на која повеќето луѓе мислат кога ќе се спомене Саудиска Арабија е пустината, а со тоа и бескрајните количества песок.

Саудиска Арабија е со големина од околу 2,2 милиони квадратни километри. Вкупно 95 проценти од земјата е пустина. Се разбира, соодветно, насекаде има купишта и купишта песок.

Сепак, оваа земја редовно увезува огромни количества песок.

Песокот е потребен за речиси сите поголеми градежни работи, па дури и сите важни градежни материјали – бетон, тула, стакло – се произведуваат со песок.

Всушност, тоа е она што го прави втор најкористен природен производ после водата.

Со големите градежни работи кои се во тек во Саудиска Арабија, јасно е дека и требаат големи количини песок.

Ако мислевте дека на Саудиска Арабија нема да и недостига овој ресурс и дека може да донесе камиони со песок од своите пустини, се лажете.

Саудиска Арабија можеби е песочна пустина, но тој песок не е со соодветен квалитет за градење. Поединечните гранули пустински песок имаат мазни рабови кои се бескорисни за градба, додека речениот песок има назабени рабови кои му се потребни на градежниот бетон.

Ниту обичниот песок на плажа не е корисен како градежен материјал поради присуството на сол во него.

Според тоа, речен песок е многу баран и е дефицитарен поради зголеменото ниво на градежни активности ширум светот. Згора на тоа, на реката и требаат стотици години за да направи песок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk