logo
logo
logo

ЗЛОСТОРСТВО ВО ИМЕТО НА ВЕРАТА: Озлогласениот секташки лидер од „Нетфликс“ доби уште 33 години затвор

Vecer | 19.10.2026

ЗЛОСТОРСТВО ВО ИМЕТО НА ВЕРАТА: Озлогласениот секташки лидер од „Нетфликс“ доби уште 33 години затвор

Лидерот на јужнокорејската религиозна секта „Исус утринска ѕвезда“, Џунг Мјунг-сок, е осуден на дополнителни 33 години затвор за сексуален напад и злоупотреба на своите следбенички. Џунг, за кого се проценува дека е во раните осумдесетти години, веќе отслужува 17-годишна затворска казна за слични кривични дела, пишува „Ројтерс“.

Во најновата судска постапка, тој беше обвинет за сексуална злоупотреба на 16 следбенички, а делата ги извршил до 2022 година. Тој моментално отслужува 17-годишна затворска казна за напад што го извршил откако бил ослободен од затвор во 2008 година, каде што исто така отслужил казна за силување.

Џунг му стана познат на пошироката јавност како еден од главните ликови во документарецот на „Нетфликс“ – „Во името на Boga: Свето предавство“, кој се занимава со четворица јужнокорејски религиозни водачи обвинети за сериозни кривични дела.

Нова казна и осуден соучесник

Службеник на судот во Деџон потврди дека Џунг ќе почне да ја отслужува новата 33-годишна казна откако ќе му истече сегашната. Тој додаде дека уште еден функционер на сектата е осуден на седум години затвор затоа што му помогнал на Џунг да го изврши злосторството. Претставник на канцеларијата на сектата во покраината Јужен Чунгчеонг веднаш не ги коментираше прашањата дали Џунг ќе поднесе жалба на пресудата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk