logo
logo
logo

БАШАР АЛ-АСАД ОСУДЕН НА СМРТ - Поранешниот сириски претседател прогласен за виновен за воени злосторства

Vecer | 11.08.2026

БАШАР АЛ-АСАД ОСУДЕН НА СМРТ - Поранешниот сириски претседател прогласен за виновен за воени злосторства

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден на смрт во отсуство, откако сириски суд го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна. На истиот судски процес на смрт е осуден и неговиот братучед по мајчина линија, Атеф Наџиб, кој според судот бил одговорен за репресијата во јужната покраина Дара, настани што му претходеа на востанието и последователната граѓанска војна јави „Асошиејтед прес“.

Наџиб ја слушна пресудата на суд, зад решетки и облечен во затворска облека. Тој е поранешен бригаден генерал во сириската армија, а во 2011 година раководел со одделот за политичка безбедност во покраината Дара.

Асад и неговиот брат Махер избегаа во Русија откако бунтовниците влегоа во Дамаск во декември 2014 година. Наџиб подоцна беше приведен и стана еден од највисоко рангираните функционери на кои им се судеше.

Пресудата против Асад е првата таква одлука откако сириските преодни власти почнаа да им судат на поранешните функционери на режимот оваа година, и на оние во притвор и на оние на кои им се суди во отсуство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk