Вработен во руски-окузираната нуклеарна централа „Запорожје“ во Украина загина во напад извршен со беспилотно летало (дрон), потврди Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Според информациите, жртвата е заварувач во централниот работилнички погон за поправки во комплексот. Овој трагичен инцидент повторно ги разгоре стравовите за безбедноста на најголемиот европски нуклеарен објект и поттикна нови повици за итно запирање на воените дејствија во близина на постројките.
По повод смртоносниот напад, генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, излезе со строга осуда и апел за максимална воздржаност.
„Апелирам на максимална воена воздржаност за да се помогне во спречувањето на ризикот од нуклеарна несреќа за време на конфликтот“, порача генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, нагласувајќи ја клучнота важност од заштита на персоналот кој управува со нуклеарните централи.
Од МААЕ потсетија дека нападите врз персоналот и инфраструктурните објекти на нуклеарните централи се директно спротивни на основните безбедносни принципи и можат да предизвикаат катастрофални последици за целиот регион
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата