Разорниот циклон наречен Арнаб со сета своја брутална сила удри директно во источната обала на Индија, предизвикувајќи драма и паника која принуди властите итно да евакуираат повеќе од 180.000 луѓе од сојузните држави Андра Прадеш и Одиша!
Индискиот метеоролошки завод го класифицираше Арнаб како моќна и исклучително опасна циклононска олуја, позиционирајќи ја на третата највисока категорија од светската скала. Иако самиот центар на невремето остана закован над Бенегалскиот залив, неговите разорувачки надворешни гранки ја погодија копнената маса многу побрзо од предвидувањата. Олујата носеше стравични ветрови со брзина од 115 до 125 километри на час, со максимални удари кои достигнуваа дури до 140 километри на час, како и опасни бранови кои се закануваат целосно да ги поплават ниските крајбрежни населби.
#BREAKING Rough seas reported at Ennore in North Chennai as Cyclone Arnab approaches Andhra Pradesh IMD forecasts landfall between Bapatla and Visakhapatnam, near Yanam, tomorrow morning, with winds of 115–125 kmph, gusting to 140 kmph https://t.co/jylxklv4bk
— Nabila Jamal (@nabilajamal_) October 27, 2026
Разорниот систем остави катастрофални последици зад себе – целосно е прекинато снабдувањето со електрична енергија, сообраќајниците се блокирани од откорнати дрвја, училиштата се затворени, а операциите на дури три големи аеродроми во Андра Прадеш се вонредно суспендирани заедно со десетици железнички и авионски линии. Во исто време, властите во соседен Непал упатија драматични предупредувања до туристите и планинарите итно да ги избегнуваат високите надморски височини на Хималаите поради најавените снежни бури и лавини.
Бенгалскиот залив со векови важи за едно од најопасните жаришта во светот за генерирање смртоносни тропски циклони, потсетувајќи ги мештаните на стравичниот суперциклон од октомври 1999 година во Одиша кој згасна близу 10.000 човечки животи, поради што спасувачките служби се во максимална готовност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата