СТРАВ ОД АПСЕЊЕ - Болсонаро побегна во САД, добил виза од Трамп

Vecer | 28.10.2026

СТРАВ ОД АПСЕЊЕ - Болсонаро побегна во САД, добил виза од Трамп

Доналд Трамп му одобрил влез во Америка на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори, изјави советник на американскиот претседате за Си-Ен-Ен.

Претставници на администрацијата на Трамп во понеделникот биле свесни дека Болсонаро има рок од околу 24 часа да го предаде својот пасош, при што му дале до знаење на поразениот бразилски претседателски кандидат дека ќе му биде дозволен влез во САД, рекол советникот.

САД им издаваат визи на Болсонаро и на неговото семејство, изјавија претходно двајца американски функционери за Си-Ен-Ен.

Извор од Бразил, близок до Болсонаро, изјави дека политичарот стравувал од апсење во Бразил. Тој моментално е под истрага од страна на највисокиот суд во земјата поради наводни дела поврзани со корупција, перење пари и незаконски финансиски трансакции. Лице запознаено со ситуацијата вчера попладне изјави за Си-Ен-Ен дека Болсонаро пристигнал во САД. Сè уште не е јасно каде точно слетал.

Во изјава за новинарите во текот на ноќта, Трамп навести дека би се согласил Болсонаро да дојде во САД.

„Па, би одобрил. Мислам дека се добри луѓе. Изборите беа многу чудни и сметам дека беа ужасни“, рече тој.

Засега не е јасно дали Трамп и Болсонаро разговарале директно по телефон пред заминувањето на бразилскиот политичар.

Извори претходно за Си-Ен-Ен потврдија дека Болсонаро го напуштил Бразил и заминал за САД откако загубил на претседателските избори во неделата. Бразилската федерална полиција ги поништила пасошите на Болсонаро откако тој не ги предал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk