АЛАРМ НА ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО - Се спрема ли инвазија и блокада на Калининград?!

Vecer | 03.11.2026

АЛАРМ НА ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО - Се спрема ли инвазија и блокада на Калининград?!

Источното крило на НАТО се наоѓа во состојба на полна воена подготвеност откако Полска итно распореди специјални антитерористички полициски единици долж границата со руската енклава Калининград и Белорусија, по драстичните разузнавачки предупредувања за претстојни брутални саботажи и упади на вооружени групи!

Шефот на полската полиција Марек Бороњ за медиумите потврди дека е формиран посебен Главен команден центар, додека елитните специјалци, во содејство со полската армија, граничарите и разузнавачките служби, ги заземаат позиција во Варемиско-мазурското и Подлаското војводство. Оваа масовна мобилизација доаѓа во ист момент со серија оппасни инциденти во воздушниот простор – во Латвија на 1 ноември беше огласена воздушна опасност откако неидентификуван објект ја проби границата, по што итно беа дигнати воени пресретнувачи!

Стравот на НАТО дополнително е фокусиран на критичниот „Коридор Сувалки“, тесниот појас што ја дели руската енклава Калининград од Белорусија, за кој воените аналитичари предупредуваат дека може да биде првата мета на Кремљ за целосно отсекување на Балтикот од остатокот од Европа.

Додека тензиите го достигнуваат врвот, од 9 до 22 ноември во Полска ќе се одржат историски масовни воени вежби на т.н. „Коалиција на волните“ предводена од Франција и Велика Британија. Околу 2.800 елитни војници од 36 земји ќе вежбаат сценарио за експресно распоредување на НАТО сили директно внатре во Украина веднаш по евентуално примирје, испраќајќи ѝ директна закана на Москва дека секој нов истрел ќе значи тотална воена конфронтација со цела Европа!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk