logo
logo
logo

КОМШИИТЕ ИМ ПОСТАВИЈА ЗАВЕСА ШТО ЌЕ ГИ ЗАПРЕ - Финска заврши со изградба на ограда долга 200 км кон Русија

Vecer | 08.09.2026

КОМШИИТЕ ИМ ПОСТАВИЈА ЗАВЕСА ШТО ЌЕ ГИ ЗАПРЕ -  Финска заврши со изградба на ограда долга 200 км кон Русија

Финска ја заврши изградбата на заштитна ограда долга 200 километри долж границата со Русија, во обид дополнително да ја зајакне контролата на својата источна граница и да одговори на она што Хелсинки го нарекува променета безбедносна средина во Европа.

Оградата беше презентирана на церемонија во градот Нуија, а беше изградена на делови долж источната граница на Финска, која се протега на околу 1.300 километри, објави финскиот дневен весник „Илта-Саномат“.

Министерката за внатрешни работи на Финска, Мари Рантанен, изјави дека заштитната ограда е конкретен доказ дека земјата проактивно реагира на промените во безбедносната средина.

„Заштитната ограда на источната граница е конкретен доказ дека Финска дејствува проактивно во променетите безбедносни околности“, рече Рантанен на прес-конференцијата на Граничната служба.

Таа истакна дека војната во Украина и разните операции со хибридно влијание покажаа дека безбедносната ситуација во Европа се променила.

„Во таква ситуација, секоја земја мора да ја обезбеди сопствената безбедност, интегритетот на своите граници, националната безбедност и правото на самоопределување“, рече Рантанен.

Според неа, оградата е практичен и неопходен дел од финскиот систем за заштита на границите, како и инвестиција во безбедноста на Финска и цела Европа.

Како изгледа оградата?

Заштитната бариера покрива околу 200 километри од источната граница. Комплексот, освен самата ограда висока 4,5 метри, вклучува и систем за технички надзор, патишта и појас расчистен на теренот широк 25 метри.

Целта на проектот е да се зајакне способноста на Финска самостојно да управува со безбедноста на своите граници, а во исто време да се намали зависноста од ефикасноста на руската гранична контрола.

Хелсинки претходно предупреди за можноста за користење на миграцијата како средство за хибриден притисок и дестабилизација, што дополнително влијаеше врз одлуката за зајакнување на заштитата на источната граница.

Фото: Finnish Border Guard

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk