Шумски пожари повторно се закана во југозападна Франција, власта е подготвена за можна евакуација на речиси 200.000 луѓе. Покрај тоа што ситуацијата изгледаше под контрола кон крајот на минатата недела, екстремната топлина и силните ветрови ја влошија ситуацијата на терен во текот на викендот.
Низ јужна Европа, особено во Шпанија и Франција, пожарникарите со недели се борат со пожари кои уништија стотици илјади хектари вегетација.
Заштита на станбени области
Еден од пожарите што повторно се разгоре е во општината Сен-Жан-д’Илак. Шефот на противпожарната служба Томас Мимијак потврди дека на местото на настанот се испратени големи сили.
„Ние сме во задниот дел од пожарот што избувна во неделата околу 15 часот. Поради временските услови, ангажиравме значителни сили, кои се фокусирани на гаснење на шумскиот пожар, но и на превентивна заштита на куќите“, додаде Мимијак.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата