logo
logo
logo

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Vecer | 13.10.2026

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Едниот кој пловел под знаме на Гвинеја Бисао потонал, а од неговиот екипаж се исчезнати 11 морнари по кои се уште се трага. Од вториот брод, кој пловел под знамето на Малта и бил погоден од три дрона, бил спасен целиот екипаж со 15 членови. .По нападите, бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Радев побара да се утврди кој стои зад нападите и да се повикаат на одговорност, порачувајки дека иако Бугарија нема јасни и кочени докази за потеклото на дроновите, тој смета дека последиците и одат во прилог на Русија.

-Ова е апсолутно неприфатливо. Уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Не располагаме со цврсти и јасни докази за да обвиниме која било од страните, но логиката укажува на она што го изјавив, дека исходот е во корист на Руската Федерација.- Румен Радев – премиер на Бугарија

Како што соопштија од бугарската владина информативна служба, Митрофанова на средбата изјавила дека ја разбира логиката на Радев, но дека таа немала никакви информации од Министерството за одбрана на Руската федерација поврзани со последните напади во Ценото Море. Митрофанова не ја исклучила можноста нападите да претставуваат провокација од трета страна.

Со реакции излегоа и НАТО и ЕУ. Генералниот сектетар на Алијансата, Марк Руте на социјалната мрежа х напиша дека разговарал со Радев и дека НАТО ќе продолжи да соработува со сојузниците во регионот, да ја следи безбедносната состојба и да ги приспособува одбранбените мерки според потребите. Нападите ги осуди и претседателката на Европската комисија Урсула фон деј Лајен, порачувајки дека одговорните мора да сносат последици. Таа оцени дека Црното море станува нов фронт на ескалација во руската војна против Украина.

Ова е втор ваков инцидент во близина на бугарскиот брег за само една недела, откако минатата недела исто така беа погодени два трговски брода, од кој едниот потона, а десет членови на екипажот беа пријавени како исчезнати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk