Брод за превоз на течен гас експлодира и бил зафатен од огромен пожар во источниот дел на стратегискиот Ормуски мореуз, откако удрил во морска мина обидувајќи се да помине низ забранета и опасна јужна рута, соопшти Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Според наводите на поморските сили на ИРГЦ објавени преку агенцијата Тасним, пловлото ги игнорирало повеќекратните предупредувања од центарот за контрола на сообраќајот и продолжило по недозволената траса со поддршка од американски борбени авиони.
Од Револуционерната гарда порачаа дека бродот „не ја извлекол поуката од судбината на претходно експлодираните танкери“, додавајќи дека морските мини не можат да се усогласуваат со движењето на американските воени сили. Иранските власти нагласија дека строго ќе го контролираат сообраќајот во Ормускиот мореуз, кој претставува еден од најважните светски светски коридори за транспорт на нафта и гас и дека секој брод што ќе ги прекрши правилата и ќе ги занемари предупредувањата ќе сноси сериозни последици.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата