Рускиот претседател Владимир Путин испрати брутална и моќна геополитичка порака од Самитот Русија-Африка во Москва, објавувајќи дека трговската размена меѓу Русија и африканските земји собори нови рекорди надминувајќи 27 милијарди долари, додека учеството на руската рубља во комерцијалните трансакции достигна застрашувачки 85 проценти!
За време на првата пленарна седница од овој историски самит, Путин нагласи дека Русија и африканските нации се природни сојузници во изградбата на нов, мултиполарен и демократски светски поредок кој е целосно ослободен од западниот диктат, уцени и двојни стандарди. Тој отворено подвлече дека Москва силно поддржува рамноправно учество на Африка во Советот за безбедност на ОН и целосен суверенитет на нејзините држави, најавувајќи префрлање на дел од руското производство директно на африканскиот континент, заедно со масовни инвестиции и драстично зголемување на испораката на минерални ѓубрива кои годинава веќе надминаа 2,2 милиони тони.
Сепак, најшокантниот и најнеочекуван детал од неговото обраќање следеше при анализата на ситуацијата во украинскиот град Олешки. Путин ги обвини украинските сили дека со застрашувачкото минирање на сите приоди кон градот предизвикале катастрофална хуманитарна криза, по што го здрма светот најавувајќи итна хуманитарна операција за спасување на цивилното население која ќе се реализира со поддршка од првата дама на САД, Меланија Трамп!
Самитот и економско-хуманитарниот форум во Москва јасно покажаа дека Русија успеа целосно да го заобиколи западот и да изгради нераскинлива економска и безбедносна тврдина со африканските земји, истовремено отворајќи нови канали за соработка на највисоко дипломатско ниво.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата