ПО ДОЈАВА ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Запленети 68 килограми кокаин во Франција

Vecer | 26.10.2026

ПО ДОЈАВА ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Запленети 68 килограми кокаин во Франција

Благодарение на размената на оперативни информации меѓу македонската и француската полиција, во Франција биле запленети 68 килограми кокаин. Дрогата била пронајдена во товарно возило на наплатната станица Фонтен, управувано од 44-годишен македонски државјанин со иницијали М.Ф.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека информациите ги обезбедила Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, по што преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна полициска акција во период од еден месец. Претходно, соработката со грчката полиција резултирала со заплена на 324 килограми марихуана.

Од МВР оценуваат дека резултатите ја потврдуваат важноста на меѓународната полициска соработка во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk