logo
logo
logo

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Vecer | 15.10.2026

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски избори, најави лидерката на Националното собрание, Марин Ле Пен.

Во интервју за британските медиуми, Ле Пен упати жестока критика до сегашното раководство во Париз и Брисел, отворено порачувајќи дека Франција повеќе си нема луксуз да ја финансира војната и дека Европската Унија направила огромна грешка со влегувањето во енергетска конфронтација со Москва.

„Нема влез во ЕУ за Украина, а санкциите против Москва мора да паднат!“

Француската политичарка подвлече дека како претседател директно ќе се спротивстави на каква било можност за зачленување на Украина во Европската Унија, а паралелно ќе покрене и целосна ревизија и укинување на сите европски санкции наметнати врз Русија.

– „Франција повеќе не може себеси да си дозволи таков вид финансиски товар и поддршка“, порача Ле Пен, со што испрати уште еден силен аларм до Киев, кој се соочува со сепоголем бран на политичко противување и губење на поддршката низ клучните европски метрополи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk