logo
logo
logo

СЕ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ТРАМП, тврди израелското разузнавање

Vecer | 10.07.2026

СЕ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ТРАМП, тврди израелското разузнавање

Израел ја предупредил американската влада дека Иран наводно планира атентат врз претседателот Доналд Трамп, објави CNN, повикувајќи се на неименувани извори.

Според извештаите, иранското раководство дури неодамна го подготвило планот, чии детали засега не се познати. Американската администрација во изминатите недели често добивала слични предупредувања, објави CNN, повикувајќи се на американски функционер. Меѓутоа, израелското предупредување е ново и вклучува конкретен план за атентат, изјавил функционерот.

Друг американски функционер изјавил за CNN дека предупредувањето исто така може да биде и обид да се влијае врз одлуките на Трамп во врска со војната со Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна се залагаше за поостар став кон Техеран и влезе во конфликт со Трамп околу тоа прашање. Трамп ги подгреа шпекулациите за безбедносните проблеми откако не го искористи новиот Air Force One, како што се очекуваше, на повратниот лет од самитот на НАТО во Анкара.

„Јас сум прв на иранскиот список за отстрел“, изјавил тој, без дополнително објаснување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk