Рашфорд во „цајтнот“: Повредата не е залечена, прашање е дали ќе игра против Ливерпул

Vecer | 11.11.2026

Рашфорд во „цајтнот“: Повредата не е залечена, прашање е дали ќе игра против Ливерпул
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

фото: centredevils. (X)

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, започна нова програма за лекување на повредата која го оддалечи од терените веќе еден месец. Проблемот првично бил во пределот на колкот, но состојбата се влошила, а болката се проширила и кон препоните.

Според „Телеграф“, англискиот репрезентативец минатата недела отпатувал во Даблин, придружуван од член на медицинскиот тим на Јунајтед, каде што се консултирал со специјалист за повреди во пределот на препоните. По прегледот му била изработена нова програма за закрепнување.

Рашфорд последен пат настапи против Атлетико Мадрид, во поразот од 0:2 минатиот месец. Сега на „Олд Трафорд“ се надеваат дека новиот третман ќе му овозможи на Рашфорд да се врати за големото дерби против Ливерпул, кое е закажано за 22 ноември на „Енфилд“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk