logo
logo
logo

Претседателот на Фенербахче: Лицето кое го фрли шишето е уапсено, Исмаил Картал останува наш тренер! (ВИДЕО)

Vecer | 11.09.2026

Претседателот на Фенербахче: Лицето кое го фрли шишето е уапсено, Исмаил Картал останува наш тренер! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Fenerbahce/

Синоќа за време на средбата од Лигата на Шампионите меѓу Фенербахче и Рома се случи тежок инцидент. Имено беше фрлено шише со вода по тренерот на домашните Исмаил Картал. Тој видно нервозен, иако мечот заврши 1:1, кажа дека си оди од клубот, односно дека си дава оставка.

По сето ова со соопштение искочи самиот клуб, а своја изјава имаше и првиот човек на Фенербахче, Азиз Јилдирим.

Влегов во соблекувалната и го прашав Картал зошто е тој негов потег, тој ми објасни дека е фрлено шише по него. По ова утврден е идентитетот на тоа лице. Клубот застанува зад Исмаил Картал кој и натаму е наш тренер. Ние не ја прифаќаме оставката“ посочи првиот човек на Фенербахче.

Потоа од клубот објавија дека лицето е уапсено. Од друга страна Исмаил Картал изјавил дека никогаш нема да се врати на клупата на Фенер, останува да се види како ќе се реши оваа ситуација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk