Пујол се враќа во фудбалот, станува директор на „Чудото од Андора“

Vecer | 19.11.2026

Пујол се враќа во фудбалот, станува директор на „Чудото од Андора“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Легендарниот капитен на Барселона и поранешен шпански репрезентативец, Карлес Пујол, се враќа во фудбалот, но овојпат на раководна позиција. На 48-годишна возраст, Пујол официјално е назначен за директор за односи и меѓународен фудбал во Интер Клуб д’Ескалдес, актуелниот шампион на Андора.

Клубот, кој настапува во Конференциската лига на УЕФА, сака да го искористи искуството, угледот и меѓународните контакти на поранешниот дефанзивец за понатамошен развој и зајакнување на својата позиција во европскиот фудбал.

Пујол претходно бил во преговори со својот поранешен соиграч Жерар Пике за ангажман во раководството на Андора ФК, но таа соработка не се реализирала.

Пујол целата професионална играчка кариера ја мина во Барселона, со која освои 21 трофеј, меѓу кои шест титули во шпанското првенство и три во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Шпанија беше европски шампион во 2008 година и светски првак две години подоцна, а за националниот тим забележа 100 настапи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk