Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, сеуште се опоравува од повредата, и на дозвола на клубот замина на рехабилитација во Бразил. Тоа не би било и некоја вест, ако се знае дека тој во моментов е во процес на развод од неговата долгогодишна сопруга Аника.
Згора на тоа, во Бразил, Нојер е фотографиран во друштво со непозната женска личност, која што го придружувала.
Јавноста отворено се прашува за идентитетот, и сигурни сме дека истиот наскоро ќе биде познат.
Снимката е направена во ексклузивното одморалиште Армасао дос Бузиос, кое се наоѓа на околу 170 километри североисточно од Рио де Жанеиро. Во еден од клиповите, 40-годишниот голман седнува на скутер со непозната жена и заминува. На интернет кружи и видео од Нојер во ресторан за брза храна.