Наполи ја одреди цената за слободата на Де Брујне

Vecer | 19.11.2026

Наполи ја одреди цената за слободата на Де Брујне
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:facebook.com/SSCNapoli/

Наполи ја одреди цената за евентуалното заминување на Кевин Де Брујне во јануарскиот преоден рок. Според информациите на италијанските медиуми, клубот од Неапол бара околу 7 милиони евра за да го ослободи белгискиот фудбалер.

Интерес за 35-годишниот играч од средниот ред покажува холандскиот ПСВ Ајндховен, кој веќе испратил почетна понуда од два милиони евра. Наполи ја одбил, сметајќи дека таа сума не е доволна за реализација на трансферот.

Дополнителна причина за можната разделба е договорната ситуација на Де Брујне, кој има договор до јуни 2027 година, со опција Наполи да го продолжи за уште една сезона. Сепак, италијанските медиуми наведуваат дека клубот не планира да ја активира таа клаузула.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk