Миланското дерби за „росонерите“, прв пораз на Интер

Vecer | 31.10.2026

Миланското дерби за „росонерите“, прв пораз на Интер

Милан го доби големото градско дерби против Интер со 3:1, во натпреварот од 10. коло во италијанската Серија А, одигран на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ имаа фуриозен почеток и уште по десет минути водеа со 2:0. Кристијан Пулишиќ го отвори резултатот во четвртата минута, а Адриен Рабио ја зголеми предноста во 10. минута.

Интер успеа да намали преку Алесандро Бастони во 22. минута, но Милан повторно се одвои пред паузата. Диего Мореира во 43. минута го постигна третиот гол за домаќините и го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Милан стигна до 21 бод и се искачи на четвртото место, додека Интер останува втор со 25 бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk