logo
logo
logo

Манчестер Јунајтед со најлош старт на сезоната во последните 40 години

Vecer | 11.10.2026

Манчестер Јунајтед со најлош старт на сезоната во последните 40 години

Фото: Манчестер Јунајтед/Фејсбук

Манчестер Јунајтед минува низ еден од најтешките периоди во поновата историја. По шест одиграни кола во Премиер-лигата, тимот има само шест бода, што е негов најлош старт на оваа фаза од првенството од сезоната 1986/87, кога освои четири бода во првите шест натпревари.

Последниот неуспех дојде на „Олд Трафорд“, каде што Јунајтед одигра 1:1 против Тотенхем. Домаќините поведоа во 73. минута со голот на Камерунецот Мбеумо.

Иако имаа играч повеќе по исклучувањето на Бентанкур, кој доби директен црвен картон во 78. минута, само неколку моменти откако влезе во игра, „црвените ѓаволи“ не успеаја да ја задржат предноста. Во втората минута од судиското продолжение (90+2), Соланке го израмни резултатот, постигнувајќи го дури третиот гол за лондончани оваа сезона и првиот на гостински терен.

Слабата игра на Јунајтед не им се допадна ниту на навивачите на „Олд Трафорд“, кои по последниот судиски свиреж го испратија својот тим со свирежи на незадоволство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk