Ако синоќа “гореше“ во Париз, вечерва дербито на денот во рамките на 3.коло во Лигата на Шампионите се игра на “Алијанц Арената“ во Минхен. Се среќаваат германскиот и англискиот шампион, Баерн Минхен и Арсенал. Секако дека тоа се две од ТОП 5 екипи најголеми аспиранти за трофејот оваа сезона во најсилната фудбалска лига во светот.
Штета, нема да игра Мајкл Олисе, фудбалскиот волшебник кој е под суспензија, но затоа кај “баварците“ тука се Кејн, Диас и останатите. Арсенал доаѓа во Минхен со најсилниот состав и јасно е дека тоа ќе биде спектакл над спектаклите. Не веруваме во нова голеада, но којзнае, се е можно во Лигата на Шампионите.
Интересно ќе биде и на „Сантијаго Бернабеу“ каде Реал Мадри се среќава со Лајпциг, а Комо го дочекува Манчестер Јунајтед.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки од денешните натпревари од 3.коло.
Термините се 18.45 и 21.00 часот.