ЛШ: Барса VS Астон Вила, Баерн на “Метрополитано“ (ФОТО)

Vecer | 03.11.2026

ЛШ: Барса VS Астон Вила, Баерн на “Метрополитано“ (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Вечерва во термините од 18.45 и 21 часот се играат девет натпревари од 4.коло во Лигата на Шампионите. Дербито се игра во Мадрид на “Метроплитано“, каде Атлетико Мадрид го пречекува Баерн Минхен. Германскиот гигант не може да смета на неколку свои стандардни првотимци, а најважно е што ќе биде и без стратегот Винсент Компани од познати причини.

Исто така интересно би требало да биде на “Камп Ноу“ каде домашната Барселона ја пречекува Астон Вила. Да потсетиме дека тимот од Премиерлигата досега има “три од три“ сезонава во ЛШ и моментално е на второто место на табелата. Во Шпанија вечерва се игра и трет меч, Виљареал го пречекува европскиот шампион, тимот на ПСЖ. Интер му гостува на Феенорд а Рома на Манчестер Јунајтед.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за вечерва:


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk