logo
logo
logo

Ла Лига маратон: Во 10 дена ќе се одиграат дури три кола од сезоната!?

Vecer | 12.09.2026

Ла Лига маратон: Во 10 дена ќе се одиграат дури три кола од сезоната!?

Шпанската Ла Лига во следните десет дена ќе понуди вистински фудбалски маратон. Почнувајќи од вчера, па се до 20 септември ќе се одиграат натпреварите од петтото, шестото и седмото коло, со минимални паузи меѓу средбите.

Причината за ваквиот распоред е промената во меѓународниот календар. Ла Лига однапред го ослободи периодот од крајот на септември до почетокот на октомври за репрезентативните натпревари, па трите кола мора да се „сместат“ во првите три недели од септември.

Најголем проблем ќе биде згуснатиот распоред за дел од екипите. Малага, на пример, ќе игра против Виљареал во четврток од 21:30 часот, а веќе во недела од 14 часот ќе гостува кај Хетафе, што остава само 64,5 часа меѓу двата натпревари. Хетафе, пак, ќе има околу 67 часа меѓу дуелите со Бетис и Малага.

Незадоволство има и кај навивачите, бидејќи дел од најатрактивните натпревари се закажани во работни денови и доцните вечерни термини. Реал Мадрид ќе игра со Елче во вторник од 21:30 часот, Барселона ќе го пречека Расинг во среда во истиот термин, додека Атлетико ќе игра против Осасуна во среда од 19 часот.

Слично густ распоред во Ла Лига имало и порано, но ваков десетдневен фудбалски маратон е редок. Последен пат три кола во период од десет дена биле одиграни во сезоната 2014/15.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk