КЛ: Алиоски погоди, Растодер славеше со пресврт

Vecer | 05.11.2026

КЛ: Алиоски погоди, Растодер славеше со пресврт
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Лугано славеше убедлива победа од 3:0 против литванскиот Кауно Жалгирис во натпреварот од Лига Европа, а македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски се запиша во листата на стрелците. Алиоски во 24. минута постигна прекрасен гол со левата нога, зголемувајќи на 2:0. Претходно, во 11. минута, Јанис Чимињани го отвори резултатот, додека Даниел дос Сантос во 32. минута ги постави конечните 3:0. Лугано  ја обезбеди победата уште во првото полувреме, а Алиоски со својот погодок имаше значаен придонес во убедливиот триумф на швајцарскиот тим.

Панатинаикос на Елмин Растодер славеше со 2:1 на гостувањето кај ЦСКА Софија.  Бугарскиот тим поведе во 41. минута со голот на Давиде Калабрија, но само три минути подоцна Диниш Алмеида израмни на 1:1, по асистенцијата на Стефано Сенси. Одлуката за победникот падна во 68. минута, кога Висенте Таборда, по додавањето на Ендрјус Тете, го постигна вториот гол за грчкиот тим и донесе значајна победа за Панатинаикос. Растодер беше стартер во составот на домашните.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – 3 КОЛО

Копенхаген – Иберија 1999 2:1

Хетафе – Брајтон 0:1

Лугано – Кауно Жалгирис 3:0

Монако – Нордсјеланд 2:0

Панатинаикос – ЦСКА Софија 2:1

Рига – Јаблонец 1:1

Сент Труден – Бран 1:1

Твенте – Пафос 3:1

Универзитатеа Крајова – Егнатија 2:0


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk