10-ката на Меси засега нема да ја носи друг Аргентинец

Vecer | 05.11.2026

10-ката на Меси засега нема да ја носи друг Аргентинец
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

фото: FIFA @FIFAcom (X)

Репрезентацијата на Аргентина нема да му ја додели легендарната десетка на Лионел Меси на друг фудбалер за претстојните пријателски натпревари против Уругвај и Костарика. Според информациите, селекторот Лионел Скалони одлучил бројот кој Меси го носеше речиси две децении да остане без сопственик, барем засега.

Причината е што на пријателските средби не е задолжително играчите да ги носат броевите од 1 до 11. Новиот сопственик на дресот со број 10 ќе биде познат дури во 2027 година, кога Аргентина ќе продолжи со официјалните натпревари во квалификациите.

Како еден од главните кандидати се издвојува Нико Паз, кој игра во одлична форма во италијанскиот Комо. Меѓу потенцијалните наследници се споменуваат и Алексис Мекалистер, Енцо Фернандес и Франко Мастантуоно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk