Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера.
Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на Манчестер Јунајтед.
Од друга страна беше светски првак со Шпанија во 2010 година, а на 38. години се реши дека е доста.
„Уживав во секоја минута и горд сум на сè што постигнавме во изминатата сезона. Повторно се вљубив во фудбалот во градот што имав привилегија да го нарекувам свој дом“, рече шпанскиот фудбалер.