logo
logo
logo

Карик е под притисок, Јунајтед веќе го одбра неговиот наследник!

Vecer | 15.09.2026

Карик е под притисок, Јунајтед веќе го одбра неговиот наследник!

фото: Manchester Utd (X)

Ни со Мајкл Карик работите во Манчестер Јунајтед во посакувана насока. Едноставно не оди, па не оди. Некогашниот гигант се гледа дека е далеку од она што е Арсенал или Манчестер Сити.

Мајкл Карик е под зголемен притисок на клупата на Манчестер Јунајтед, а според извештаите од Италија, челниците на клубот веќе размислуваат за име кое би можело да го наследи. Според „Кориере дела Сера“, Антонио Конте е на врвот на листата на потенцијални наследници доколку Манчестер Јунајтед одлучи да ја прекине соработката со Карик.
Англискиот тренер доби доверба да стане постојан менаџер откако ги надмина очекувањата минатата сезона. Карик ја презеде привремената улога во јануари 2026 година, а потоа го водеше Јунајтед до третото место во Премиер лигата и место во Лигата на шампионите.
Сепак, новата сезона донесе сосема поинаков почеток. По четири кола од Премиер лигата, Јунајтед освои само четири бода, а поразот од Манчестер Сити дополнително го зголеми притисокот врз Карик. Натпреварот против градскиот ривал беше особено болен бидејќи Сити играше со десетмина играчи поголемиот дел од натпреварот, но Јунајтед не успеа да ја искористи бројчената предност и беше поразен со 0:1 на „Олд Трафорд“.
Поради ова, прашањето дали Карик може да ја сврти ситуацијата почнува да се поставува сè погласно. Според информации од Италија, INEOS наводно веќе разгледува алтернатива, а изборот паднал на искусниот Антонио Конте.
Конте моментално е без клуб откако го напушти Наполи на крајот од минатата сезона. Италијанскиот стручњак, сепак, наводно чека проект што би го привлекол доволно за да се врати во клупскиот фудбал.
А Манчестер Јунајтед би можел да претставува токму таков проект. Конте има исклучително богата тренерска кариера зад себе и освои дури десет големи трофеи.
Со Челзи, тој ја освои Премиер лигата во сезоната 2016/17, додека со Јувентус беше шампион на Италија три пати по ред.
Подоцна го освои Скудетото со Интер во 2021 година, а особено е интересно што минатата година го освои и италијанското првенство со Наполи. Сепак, засега нема одлука дека Карик ќе биде заменет. Манчестер Јунајтед сè уште не покажал колку сериозно може да ги подобри резултатите, а тренерот има натпревари пред себе во кои притисокот ќе се зголемува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk