logo
logo
logo

Фудбалер од 130 милиони евра ќе игра во трета лига?!

Vecer | 04.09.2026

Фудбалер од 130 милиони евра ќе игра во трета лига?!

Фото: ФЦ Челзи/Твитер

Секако дека не е за верување, ама во секој случај е вистина. И тоа го ома фудбалот. Имено некогаш големата ѕвезда на англискиот фудбал и човек кој во еден момент имаше пазарна вредност од 130 милиони евра, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во третата лига на Обединетите Арапски Емирати. Џејдон Санчо за неколку години од голема ѕвезда стана играч без клуб.
Падот на 26-годишникот започна со неговото потпишување за Манчестер Јунајтед во 2021 година. Како голема ѕвезда, тој дојде од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, но се удави во сивилото на „Црвените ѓаволи“ и не можеше да се најде во англискиот фудбал.
Позајмувањата на Борусија, Челзи и Астон Вила тогаш беа залудни. Санчо буквално пропаѓаше како играч, а сега можеше да оди пониско отколку што очекуваше. Во изминатите неколку дена беше поврзуван со трансфер во бразилскиот Палмеирас. Таа работа на крајот не беше завршена, а сега Англичанецот би можел да биде во третата лига на Обединетите Арапски Емирати.
Се вели дека е во преговори со ФК „Арабиан Фалконс“. Станува збор за клуб кој е основан во 2023 година и има огромни амбиции за иднината.
Менаџер на клубот е добро познатото лице Џонџо Шелви, а целта е да се достигне првото ниво на фудбалот во следните две години и веднаш да се нападне на самиот врв.
Овој клуб има доволно пари за да го доведе Санчо. Сега сè зависи од овој фудбалер и ќе видиме дали ќе одлучи да оди на Емирати.
Дефинитивно, доаѓањето на поранешна ѕвезда во овој тим би бил огромен плус. Санчо би станал првата ѕвезда, но мора да видиме како ќе се развиваат работите понатаму.
Крилниот напаѓач секако е поврзан со голем број други клубови. Како слободен агент, тој може да потпише каде сака.
Така, сè уште се споменува можноста да потпише за Борусија, по што следат Атлетико Мадрид, Брентфорд, катарскиот Ал-Рајан и турските тимови Бешикташ и Самсунспор. Сега сè зависи од него. Дали ќе одлучи да оди во третата лига или ќе постигне договор со многу попознат клуб, треба да се знае многу наскоро.
Таквиот исход и одењето во третата лига би било тешко да се замисли само пред неколку години, кога Санчо беше меѓу најбараните млади напаѓачи во европскиот фудбал. Јасно е дека пред него е одлука што би можела да го одреди следниот дел од неговата кариера.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk