logo
logo
logo

„Фалц“ Ковид тестот го чини Гранит Џака 150.000 франци

Vecer | 08.10.2026

„Фалц“ Ковид тестот го чини Гранит Џака 150.000 франци

ФОТО:facebook.com/Swiss.Nati.Men/

Надлежните судски органи во швајцарскиот град Луцерн, одлучија да го казнат репрезентативецот на оваа земја, и воедно и капитен на националниот тим, Гранит Џака, со 150.000 франци поради фалсификуваниот Ковид тест за време на пандемијата.

Ова на јавноста и го сподели самиот Џака, со назнака дека казната е усовна. Поточно, доколку Џака во следните две години не го прекрши законот во Швајцарија нема да има потреба да ја плати казната.

„Пред неколку недели лично се обратив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосна изјава пред јавното обвинителство, обвинителот донесе одлука. Со казнен налог, осуден сум поради прибавување лажна потврда, на условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години. Тоа значи дека казната нема да се изврши доколку во тој период не сторам ново кривично дело. Веќе ги платив судските трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста. Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во изминатите недели, тие многу ми значат“ – напиша Џака.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk