Дортмунд го искористи киксот на Баерн

Vecer | 21.11.2026

Дортмунд го искористи киксот на Баерн
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Екипата на Борусија Дортмунд по десет одиграни кола во Бундес лигата е лидер на табелата си 24 бода.

Ваквиот статус на „Милионерите“ им го обезбеди денешната гостинска победа во Менхенгладбах кај Борусија со минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Нмеча, со што Дортмунд застана на лидерската позиција со два бода повеќе од Баерн. Баварците синоќа не успеаа да го победат Келн и одиграа 1:1, по што самите се доведоа до оваа ситуација.

Од друга страна Ред Бул Лајпциг со 1:5 славеше кај Унион Берлин, додека пак Баер Леверкузен со 4:0 триумфираше над Падерборн.

Ајнтрахт со еден гол во гостинската мрежа освои три бода против Хофенхајм, додека Фрајбург се радува на гостински бодови со „минималецот“ од 0:1 кај Елвсберг.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk