На стартот на новото Премиер лига коло, тимот на Манчестер Сити одигра само 1:1 на домашен терен против тимот на Фулам.
Домашниот кикс на еден од кандидатите за шампионската титула го најави Родриго Муниз со голот за 0:1 во 16. минута.
Во 25. минута поништен гол за 1:1, на Халанд, а во 57. минута сепак дојде израмнување. Андерсон носи 1:1, а до крајот домаќинот не успеа да реализира ниту една од создадените шанси.
Сити е трет со 22 бода, Фулам е на 15. место со 11 поени.