logo
logo
logo

Де ла Фуенте: „Златната топка“ треба да ја добие Шпанец

Vecer | 10.09.2026

Де ла Фуенте: „Златната топка“ треба да ја добие Шпанец

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, смета дека „Златната топка“ треба да заврши во рацете на шпански фудбалер, а меѓу главните кандидати го посочи Ламин Јамал. Де ла Фуенте не крие дека би сакал престижната индивидуална награда да му припадне на некој од шпанските репрезентативци. Според него, шпанскиот фудбал заслужува признание поради квалитетот што го произведува.

„Златната топка треба да ја освои Шпанец. Секогаш го поддржувам брендот ‘Произведено во Шпанија’. Ние сме на светско ниво кога станува збор за развој, перформанси и квалитет“, изјави селекторот.

Кога станува збор за Јамал, Де ла Фуенте е убеден дека 19-годишната ѕвезда на Барселона има квалитет да го освои трофејот, ако не годинава, тогаш многу скоро.

„Мислам дека Ламин Јамал може да ја освои Златната топка. Тој е Шпанец и фантастичен фудбалер. Ако не е оваа година, тогаш следната – не мислам дека ќе му треба многу време“, порача Де ла Фуенте.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk