logo
logo
logo

Дали Нагелсман е наследникот на Керик на „Олд Трафорд“?

Vecer | 21.10.2026

Дали Нагелсман е наследникот на Керик на „Олд Трафорд“?

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/

Манчестер Јунајтед веќе разгледува можни решенија доколку одлучи да се раздели со тренерот Мајкл Керик, а меѓу имињата што се споменуваат е и германскиот стратег Јулијан Нагелсман.

Според информациите, во раководството на англискиот клуб постојат различни мислења за тоа кој би бил најдобриот наследник на Керик. Спортскиот директор Џејсон Вилкокс наводно го фаворизира тренерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, додека директорот за регрутација Кристофер Вивел го посакува Нагелсман.

Притисокот врз Керик дополнително се зголеми по убедливиот пораз од 4:1 на гостувањето кај Комо во Лигата на шампионите. Слабите резултати и серијата натпревари без победа отворија прашања за неговата иднина на „Олд Трафорд“.

Нагелсман, кој претходно ги предводеше Баерн Минхен и германската репрезентација, важи за еден од најперспективните тренери од помладата генерација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk