logo
logo
logo

Македонецот Георг Стојановски повторно стрелец – еден од хероите во историската победа на Спартак Варна во градското дерби

Vecer | 27.07.2026

Македонецот Георг Стојановски повторно стрелец – еден од хероите во историската победа на Спартак Варна во градското дерби

Пред почетокот на јубилејното 100. градско дерби меѓу Спартак и Черно Море, бугарските медиуми потсетија на интересен детал – кога во октомври 2004 година се играло едно од најзапаметените дербија меѓу двете екипи, Македонецот Георг Стојановски имал само девет месеци. Дваесет и две години подоцна, токму македонскиот интернационалец беше еден од хероите на новата историска победа, постигнувајќи гол во убедливиот триумф на Спартак Варна од 3:0.

Стојановски продолжува со одличните настапи на стартот од новата сезона во бугарската ефбет лига. По спектакуларниот погодок од половина терен во првото коло против ЦСКА 1948 Софија, македонскиот напаѓач повторно се запиша во листата на стрелците, овојпат во убедливата победа на Спартак Варна на гостувањето кај градскиот ривал Черно Море.

Во натпреварот одигран пред околу 6.000 гледачи на стадионот „Тича“, Спартак Варна одигра дисциплинирано и зрело, а победата ја потврди токму Стојановски во 88. минута. Македонскиот интернационалец ја искористи грешката во одбраната на домашниот тим, одлично реагираше, ги надмудри противничките дефанзивци и рутински ја испрати топката во мрежата за 2:0. Конечните 3:0 беа поставени во судиското продолжение.

Победата има историско значење за Спартак Варна. Тимот ја забележа најубедливата победа во варненското дерби по речиси седум децении, прва победа над Черно Море по 19 години и прв триумф на стадионот „Тича“ уште од 1993 година.

Со два гола на првите две првенствени кола, Георг Стојановски потврдува дека се наоѓа во одлична форма и се наметнува како еден од најважните играчи на Спартак Варна на почетокот од новата сезона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk