Рома рутински до убедлива победа против Сасуоло

Vecer | 07.11.2026

Рома рутински до убедлива победа против Сасуоло
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:x.com/OfficialASRoma

Рома – Сасуоло 3:0 е исходот од вечерашниот меч на “Олимпико“ во Рим од 11.коло во Серија А. Со оваа победа и со овие три бода, составот на од главниот град на Италија, сега е на 2.место на табелата, веднаш зад својот градски ривал, Лацио, тим кој има меч помалку а и шампионот Интер има меч помалку.

Ова беше рутински триумф за тимот на стратегот Гасперини. Хермосо во 27.минута погоди за 1:0. Три минути подоцна Валукиевич си постигна автогол за 2:0 за домашните.

Откако беа нерелазирани неколку шанси, имаа и гостите, Мора со гол во 58.минута стави точка на оваа победа, осма за Рома со која и тоа како докажува дека има намера сезонава да се бори и за титулата во Серија А.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk