Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Vecer | 08.11.2026

Мурињо урна рекорд во Ла Лига
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фото: Реал Мадрид/Фејсбук
Реал Мадрид синоќа убедливо ја совлада Валенсија со 3:0 на „Месталја“ во 12. коло од Ла Лига, а со оваа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата и онака импресивна статистика. За Португалецот ова беше 97. победа на 126 натпревари, со што процентот на успешност достигна 77 отсто.

Овој резултат го поставува Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето во оваа категорија нема повисок процент на победи.

Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој на 152 натпревари забележал 116 победи, односно успешност од 76,3 отсто.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, на листата следува Карло Анчелоти со 71,1 отсто успешност (162 победи на 228 натпревари).

Ханси Флик има уште подобар процент од Мурињо, односно 79,3 отсто победи, но актуелниот тренер на Барселона сè уште нема достигнато граница од 100 водени натпревари. Флик на 87 средби забележал 69 победи.

Најуспешни тренери во Ла Лига според процентот на победи:

  1. Ханси Флик – 79,3% (69 победи на 87 натпревари)

  2. Жозе Мурињо – 77% (97 победи на 126 натпревари)

  3. Пеп Гвардиола – 76,3% (116 победи на 152 натпревари)

  4. Карло Анчелоти – 71,1% (162 победи на 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28. минута, а предноста ја удвои Арда Ѓулер во 36. минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75. минута.

За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk