logo
logo
logo

Трамп ќе му се оддолжи на Инфантино за неговата промоција, ОВА Е ФУНКЦИЈАТА НА КОЈА Е ПЛАНИРАН

Vecer | 22.07.2026

Трамп ќе му се оддолжи на Инфантино за неговата промоција, ОВА Е ФУНКЦИЈАТА НА КОЈА Е ПЛАНИРАН

На последново светско фудбалско првенство во САД првиот човек на ФИФА, очигледно, повеќе му служел на американскиот претседател Доналд Трамп за негова промоција отколку на фудбалот и светската фудбалска асоцијација ФИФА. Трамп ќе му се оддолжи.

Џани Инфантино се подготвува за нов мандат во ФИФА, но последните информации говорат дека тој многу лесно би можел да ја напушти функцијата на прв човек на светската куќа на фудбалот.

Весникот „Њујорк Пост“ денеска објави дека Инфантино е сериозен кандидат за друга, исклучително моќна функција – за Генерален секретар во Обединетите нации.

Очекувано, зад идејата стои американскиот претседател Доналд Трамп со кого Инфантино имаше блиска соработка во изминатиот период и кој гледа на актуелниот претседател на ФИФА како идеален кандидат за наследник на Антонио Гутиереш.

Досега има седум кандидати за оваа функција, но Трамп е убеден дека може да ја истурка идејата за Џани Инфантино, најпрвин во Советот за безбедност на ОН, а потоа и во гласање на Собранието на оваа организација.

Дека ова не се само „празни муабети“ говори и последната изјава на советникот на Трамп, Паоло Замполи, кој потврди дека американскиот претседател „ја добил оваа генијална идеја“.

„На нешто така генијално може да се сети само претседателот Доналд Трамп. Во Обединетите нации мора да соработувате со 193 држави членки. Во ФИФА постојат повеќе од 200 земји членки, а одличните резултати на Џани покажуваат дека тој знае како да раководи“, истакна Замполи.

Изборот на наследник на Гутиереш е закажан за почетокот на 2027 година, а мандатот на Инфантино во ФИФА исто така истекува следната година.

Засега не е познато каков е ставот на Џани за ваквата идеја на Трамп, но со оглед на послушноста што ја покажа кон американскиот претседател изминатиот период, тешко е дека сега ќе го одбие првиот човек на Белата куќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk