logo
logo
logo

„ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА“, НО НА ТЕРЕН! Судијата од аферата со Тијана Ајфон е во ЕПИЦЕНТАРОТ!

Vecer | 18.07.2026

„ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА“, НО НА ТЕРЕН! Судијата од аферата со Тијана Ајфон е во ЕПИЦЕНТАРОТ!

Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ беше делегиран од ФИФА да го суди финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина, што повторно го привлече вниманието на јавноста кон големиот скандал од мај 2020 година, кога беше приведен во Бјелина за време на полициска операција на имотот каде што беше српската ѕвезда Тијана Максимовиќ (Тијана Ајфон).

Светското првенство во САД, Мексико и Канада полека влегува во својата завршна фаза, а пред последните два натпревари кои ќе ги гледаме на мундијалот, свој збор имаше и Пјерлуиџи Колина.

Шефот на судиите во ФИФА ги собра сите арбитри за да ги соопшти двете најважни одлуки за крај на мундијалот, со тоа што секако во фокусот беше изговорот на името на судијата кој ќе ја дели правдата во големото финале кое се игра во Њу Џерси во недела.

Голема чест доби Славко Винчиќ и ова ќе биде најважен натпревар во кариерата на познатиот словенечки судија, кој откако беше избран за делител на правдата на „МетЛајф стадионот“ во Њу Џерси, не успеа да ги сокрие и емоциите.

Балканскиот арбитар се расплака и заврши во прегратка на легендарниот Колина, свесен и самиот дека ова е најважниот момент кој ќе го има во својата елитна судиска кариера.

– Преовладува шок, нависитна голем шок, а потоа и среќа. Се тресев од возбуда, неверојатна е честа да се добие финале на Светско првенство. Тоа е сон за секој судија кога ја почнува оваа работа и затоа сум навистина многу горд на себе и својот тим, – изјави Винчиќ кој ќе се погрижи големото финале на СП да има и балкански шмек.

Помошници на Винчиќ ќе бидат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, четврти судија ќе биде Адам Махахмед од Јордан, а резервен арбитар неговиот сонародник Мохамад Алкалаф.

Винчиќ веќе судеше финалиња во Лигата на Европа и Лигата на шампиони, но ова дефинитивно ќе биде врв на неговата судиска кариера.

Претреси во куќа во близина на Бјелина

Причина за рацијата: Сомневање за организирана проституција, трговија со дрога и нелегално поседување оружје.

Што беше запленето: Полицијата пронајде 14 пакети кокаин, 10 пиштоли, три панцири и над 10.000 евра во готово.

Улогата на Тијана Ајфон: Ѕвездата беше уапсена како организаторка, а една година подоцна се изјасни за виновна за меѓународно посредување во проституција и беше осудена на една година затвор.

Улогата на Славко Винчиќ: Словенечкиот судија беше меѓу 36-те лица приведени на тој имот.

Одбраната и исходот на Винчиќ

Случаен гостин? Винчиќ тврдеше дека бил во БиХ на деловен состанок и дека прифатил покана за ручек, не знаејќи што се случува таму.

Никогаш не била покрената постапка против судијата, ниту пак е поднесено обвинение; тој беше ослободен веднаш откако беше сослушан само како сведок.

Кариера по скандалот: Овој настан не го спречи неговиот напредок и тој успешно го судеше финалето на Лигата на Европа (2022) и финалето на Лигата на шампионите (2024), пред да му ја довери Пјерлуиџи Колина финалето на Светското првенство во 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk