Бод за Севиља, бод за Бетис во градското дерби

Vecer | 21.11.2026

Бод за Севиља, бод за Бетис во градското дерби
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie

Севиља и Бетис одиграа нерешено 1:1 во градското дерби, „Севиљано“, „Ел гран дерби“, што и да посакате, на „Писхуан“ во рамките на 13-то коло од Ла Лига.
Севиља го отвори натпреварот како домаќин, со серија шанси, во 28-та минута Стасина шутираше, но голманот го одбрани ударот. Антони постигна гол во 50-та минута од натпреварот од работ на шеснаесетникот, топката го погоди еден од домашните и стигна до голот за 1:0. Недолго потоа, Варгас се обиде да израмни на другата страна, но Ваљес одбрани.
На другата страна, Бетис се обиде, но Гркот одлично одбрани на домашниот гол и ја спаси мрежата.
Севиља не се предаде до последната минута, па беше 90+1 минута и стигна до голот за израмнување. Салас го прими вратениот пас и испрати волеј од работ на шеснаесетникот, Ваљес ја фати топката за момент, но таа му падна од рацете за 1:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk