logo
logo
logo

Агим Јонуз

За овој народ само чизма

Vecer | 08.07.2021

За овој народ само чизма

Секако не го мислам тоа буквално. И јас сум народ. Ако го јадат другите и ја ке го јадам. Така иде зборот. Ова го зборам во очај гледајки како политичарите си играат држава додека ќорави не сакаат, не дека не можат да согледаат дека таа не да се распаѓа, него распадната е упола.

Преку глава ми е од оние кои цело време трубат дека ова е најдобрата држава на светот, а во состојба се да изедат ( народски) три кила лајна за инат, само никој ‘‘ да не им ја чепне Македонија‘‘. А бе мајмуне, сам си ја чепкаш! Што мислиш ти, другите не гледаат дека си кретен што не знае да си ја чува државата?

Да бидеш јавна личност е многу неблагодарна работа. Ти тераат и мајка и шајка неистомисленици, добиваш ударци ‘‘ испод појас‘‘ и не знаеш кој околу тебе ти е црн душман кој во секојдневието ти се смешка и ти вика ‘‘ кај си бе брат‘‘! И сите ти викаат ‘‘браво ‘‘ за она што си го рекол во јавноста, ‘‘ си бил прав муж‘‘,... а никој од нив нема газ да го каже истото. А, го мисли ! И девеесет посто што се колнат во државата ја презираат до несвест.

Лицемерието стана составен дел од ткивото. Без него не си нормален. Како кислород е.

Нејсе, да не го тупиме. Каде се наоѓа државата, освен сознанието дека е во виртуелна септичка јама?! Се наоѓа на фантастичен пат на распад. Некој ке рече дека оваа изјава е многу смела, но никој нема да признае дека сериозно го мисли во себе. И дека е така.

Не е веќе тајна дека македонскиот народ е пример за неединство за докторска дисертација. Не дека албанците меѓу себе се по добри, ама многу умно и курнаски си ја играат утакмицата до девееста минута додека не си соберат бодови, па да си одат дома. А, дома се. Се прашувам каде ѓе ги носат бодовите од утакмицата. Ако се дома, нели.

Уште од сега пред да започне циркусот наречен локални избори, евидентна е атмосферата на ‘‘не ми чачкај бизниси, да не ти јебем матер‘‘! Па ако треба има да коалицирам и со вујна му на Папа Павле. Да! Патриота сум, убаво и мислам на мојата општина и град, ама немој да кењаш да ми влегуеш сеа ‘‘у посао‘‘!

Кога некој ке рече како смееш така да збориш, јас ке го поставам прашањето кое има одговор од милион долари. А тоа е следното. А што се политичкиве партии ако не добро организирани бизнис заедници!? Зони на влијание скриено зад солзи солени за татковината! За реалниот патриотизам читале у ‘‘Политикин Забавник‘‘! Ги заболе кур за државата алоооо!

Да не е така, реално до сега ке си бевме ‘‘ папокот на светот‘‘ – а не шупакот! Па и сега сме некој центар на балканот и Европа, ама, само на ‘‘GPS‘‘,.. па и тоа е нешто.

Мене како аналитичар почнаа да не ме повикуваат на дебати повеќе, затоа што милувам да зборувам отворено, реално и да го зборам она што сите го мислат а никој не го збори. А што е тоа што сите го мислат а никој не го збори отворено? Просто! Дека државата пред нос ни се распаѓа и дека сите потајно во себе мислат како да профитираат нешто од политиката, затоа што одамна таа престана да биде политика.

Дека не му веруваат ниту на еден политичар, ама, за гол опстанок мора се некаде ‘‘ да пушат и да молчат‘‘. Дека не веруваат во подобра иднина. Дека посакуваат некој друг да дојде од страна и да не стави во ред. Дека утре би се сложиле да се врати Југославија. Дека утре би сакале да се разбудат некаде далеку, каде што не би гледале лик на ниту еден актуелен политичар во Македонија. Дека се плашат кога, а не дали Македонија ке биде распарчена, поделена, ничкосана.

Ја прашувам јавно опозицијата од двата етнички кампуса дали сметаат дека овој народ е ‘‘зевзек‘‘ кој не гледа и приметува дека нивното евентуално обединување како опозициони групи на партии не е ништо освен гола борба за власт. Од авион се приметува!

Ако не е така, прашањето што следи е просто. Зошто тогаш, вие мега мислители за Македонија и гига патриоти не создадете една етно-мешана партија? Па, после тепајте се што сакате. Јас прв ке ве гласам. Вие играте толку перфидна игра на ‘‘ ти смени ги своите, а јас моите‘‘, да го направиме тоа здружено, па после пак ние меѓу себе ке сибеме мајката за ‘‘повисоки цели‘‘.

Општа јебачина, алооооо!

Да му се вратиме на насловот и зошто сметам дека за овој народ е само чизма. Едноставно е. Тоа е фраза. Во смисла, само цврста рака и железна дисциплина му е мајката. Овака не иде. Немаме ‘‘газ‘‘ за здрава држава бе бате која сами ке ја водиме. А, кој да ја спроведе и кој е тој мајчин што ке ја препороди Македонија и ке и даде надеж.

‘‘Еми, во този момент, обаче, њама‘‘!

Ќути, пливај и леј крокодилски солзи дека бугарите ни се криви. А бе ајван, не може бугаринот да те дупи тек така ако види сека си од мајка роден. Дека у куќата фамилијата ти функционира. А не да види дека сте унутра тешка диареа.

Да! Диареа! Како инаку да се нарече народ кој по бројност е просечна општина во поголема светска метропола.

Која има буквално се! Земја, вода, полиња, планини, која ја кибицираат курнази од страна да си ја својакаат не затоа што тебе ти обожаваат њушка, него да ти го земе она што тебе Бог ти го дал а не знаеш да го чуваш. Стоко!

Деновиве, еден мој близок другар Бугарин, покажа невидена големина помагајки ми во една работа. Што сакам да кажам? Народот си е народ, човекот си е човек.

Па и Еским да е! Кампањата во проблемот со бугарите е опасен. Создава бразди во меморијата на генерациите кои доаѓаат. Сее омраза. А омразата е отров.

За овој народ е само чизма. Не реков каква де! Версаче, ебате !

Секако не бугарска. Доста била некогаш,... (wink,.. wink,..)

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk